spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваШаќири од Софија: Ваквите средби се можност за надминување на сите предизвици...

Шаќири од Софија: Ваквите средби се можност за надминување на сите предизвици кои постојат меѓу двете земји

Продлабочување на соработката во областа на образованието меѓу двете земји, развојот на образовните системи преку размена на искуства и меѓуинституционално поврзување беше една од точките за кои се разговараше на првата заедничката седница меѓу владите на Северна Македонија и Република Бугарија, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Овие средби, додаде Шаќири се одлична шанса за надминување на предизвиците што моментално постојат меѓу нас како соседи и дополнително ќе дадат поттик за соработка помеѓу училиштата и високообразовните институции од двете земји.

„Науката, покрај образованието може да решава предизвици и проблеми, а со самото тоа и подобрување на условите за живот. Очекувам плодна соработка помеѓу научните работници од Северна Македонија и Бугарија, со што ќе дадеме пример за добрососедска соработка и успех во иднина“, додаде Шаќири, заблагодарувајќи се на бугарски колеги за гостопримството.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за  образование и наука 

Прочитајте