spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали на средба со постојан координатор на ООН

МЗ: Министерот Сали на средба со постојан координатор на ООН

Одржлив и модерен здравствен систем, унапредување на превентивните здравствени услуги, поддршка за лицата со попреченост, буџетирање на здравствениот сектор беа дел од темите за кои разговаравме на денешната средба со Росана Дуџак, постојан координатор на ООН во Република Северна Македонија.

На средбата, меѓу другото, дискутиравме и за активности за справување со родовото насилство, како и разни услуги за здравствена и социјална поддршка за ранливите групи како дел од обезбедувањето интегрирани услуги, промовирање на здравата исхрана во училиштата.

Голема благодарност за целокупната поддршка во справувањето со Ковид-19, како главна точка на агендата на агенциите на ОН во последните две години, во рамки на која е обезбедена значајна помош и координација за справување со последиците од пандемијата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...