Започнува изградбата на објект на полетувалиштето на Мечкин Камен кое ќе биде на располагање на параглајдинг натпреварите и учесниците. Објектот ќе содржи сала за состаноци и други пропратни содржини кои ќе ги задоволат потребите и барањата на организацијата на меѓународните првенства.
„Денес започнавме со изградба на објект до самото полетиште за параглајдери. Објектот ќе биде наменет како контролна кула која ќе им служи на учесниците во параглајдерство и змајарство. Со ова, продолжуваме со изградба на туристичка инфраструктура која треба да ги унапреди условите за авантуристички туризам во Крушево, но и за параглајдинг и првенствата во змајарство кои секое лето се одржуваат во Крушево.“; изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Тековни проекти во општина Крушево:
Реконструкција на главната улица
Тампонирање на улици во с. Борино
Подготвителни активности за изградба на резервоар за вода во с. Јакреново
Подготовка за реновирање на училиште во с. Борино
Санација на улица во с. Врбоец
Тендерска постапка за реконструкција на улица од црква Св. Троица до хотел Монтана
Тендерска постапка за реконструкција на кровот и фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“
Поставена агрометеоролошка станица
Осветлување на патот до Крушевско Езеро.
Извор: Општина Крушево