На јавното наддавање за оттуѓување на градежно земјиште, сопственост на РСМ, на подрачјето на општина Гевгелија, одржано на 20 мај, 2021 година, се продадени 10 градежни працели наменети за домување во куќи. За 10 парцели, од кои 5 се наоѓаат на м.в. „Моински пат“, а останатите 5 на м.в. „Караорман“, во законскиот рок се пријавиле вкупно 40 понудувачи, од кои на 39 им биле прифатени пријавите, а само 1 е одбиена.
Парцелите, чија почетна цена изнесуваше 61 денар за метар квадратен, на електронското јавно наддавање достигнаа цена од 750 до 2230 денари за метар квадратен. Или, вкупна цена од 5.623.238 денари. По спроведената постапка за јавното наддавање, Комисијата надлежна за водење на постапките за јавно наддавање на градежно земјиште изготви поединечни записници за сите десет парцели и истите на 20.05.2021 година електронски им ги достави на сите учесници на јавното наддавање. По изминување на законскиот рок од 3 дена по добивањето на записникот од аукцијата, доколку нема поднесено приговори од учесниците, согласно Законот за градежно земјиште, ќе продолжи постапката за оттуѓување на предметното земјиште.
Инаку, Oпштина Гевгелија објави продажба и на 1 градежна парцела за домување во станбени згради која се наоѓа на м.в. „Моински пат“. Почетната цена по метар квадратен за парцелата за домување во станбени згради изнесува 2.570 денари. Пријавувањето на заинтересираните правни и физички лица за учество на јавното наддавање трае до 31 мај, 2021 година. И тоа, по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање за градежната парцела за домување во станбени згради ќе се одржи по електронски пат, на истата интернет-страница, на 2 јуни, 2021 година, со почеток во 09:00 ч.
Извор: Општина Гевгелија