Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје, од утринава се на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје.
Со оглед на најавените врнежи од снег во следните денови, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, континуирано ќе продолжат со теренските активности со цел непречена функционалност на атмосферската канализација.