spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Акција за расчистување на снегот низ општината

Кисела Вода: Акција за расчистување на снегот низ општината

Се расчистува снегот во општина Кисела Вода. Уште од рано изутрина започна чистењето на сите улици, при што најголема потреба од интервенции има во селото и населбата Драчево и во Потстаница, заради специфичната конфигурацијата на теренот.

 

Со камиони и специјални машини за чистење на снежните наноси се интервенира по сите улици, се расчистуваат приодите до училиштата и градинките, како и автобуските постојки.

 

Ќе се чисти во сите месни и урбани заедници. Воедно, општинските служби реагираат и по пристигнатите пријави од граѓаните за потреба од дополнителни интервенции. Потсетуваме на контактите на Општина Кисела Вода: телефонскиот број 075/309-548 (Далибор), на contact​@​kiselavoda.gov.mk или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода, кои за граѓаните се достапни 24 часа. На располагање за неопходните потреби на граѓаните повторно се ставени службените возила на општината.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот за внимателно упваување со возилата, а до сопствениците на деловните објекти да ја исполнат својата законска обврска за расчистување на снегот од пред влезот на објектот. Ваква обврска имаат и сите други граѓани кои треба да го расчистат снегот пред своите дворови  и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МП: Прва јавна расправа за Предлог законот за кривична постапка

0
Министерството за правда во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа-Мисија во Скопје, ја организираше првата јавна расправа за подрачјата на Апелационите...