spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваРаботна средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации

Работна средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации

Пренесување на меѓународни искуства од областа на дигитализацијата и давање помош и експертиза во таа насока, беше во фокусот на вчерашната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и постојаната координаторка на Обединетите Нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Министерот Алити изрази задоволство од средбата и се заблагодари за поддршката што нашата земја генерално ја има од страна на Обединетите Нации. Воедно, ја поздрави можноста за соработка во областа на дигитализацијата, за унапредување на овој процес.

Министерот истовремено потенцираше дека МИОА е секогаш отворено за соработка.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте