spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба помеѓу министерот Тупанчески и претседателот на Советот на јавни...

МП: Средба помеѓу министерот Тупанчески и претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески оствари средба со претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Антонио Јолевски.

На средбата се разговараше за приоритетните прашања во врска со подготвување на нови насоки за имплементација на Етичкиот кодекс за јавни обвинители и останатите подзаконски акти кои се во надлежност на Советот, а беа разменети и мислења за поефикасно работење во полза на реафирмирање и зајакнување на улогата на Советот на јавни обвинители.

Во таа насока, се разговараше и за подобрување на квалитетот и достапноста на податоците и информациите преку воспоставување на уредени и јасни процедури во делот на јавноста во работењето со јавно објавување на сите одлуки кои ги носи Советот особено за избор, унапредување, оценување, дисциплинска одговорност, разрешување, анализи, заклучоци, извештаи и соопштенија на веб порталот на Советот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...