spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба помеѓу министерот Тупанчески и Вишиот јавен обвинител, Хајрулахи

МП: Средба помеѓу министерот Тупанчески и Вишиот јавен обвинител, Хајрулахи

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески оствари средба со Вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката и воспоставување на институционална интероперабилност преку отворена, интензивирана и непосредна соработка во интерес на градење на ефикасен и стабилен правосуден систем.

Вишиот јавен обвинител потенцираше дека оваа средба е од големо значење за Вишото јавно обвинителство со оглед на неговата важна улога во нашиот правен систем и истакна дека со последниот избор на пет виши јавни обвинители во мај, 2021 година се постигна поголема кадровска доекипираност.

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...