Цел на обуката
Целта на обуката е стекнување вештини за решавање проблеми и донесување одлуки преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да анализираат ситуација во која ќе идентификуваат и ќе дефинираат проблеми; да употребат модел и алатки за анализа и решавање на проблеми; да употребат алатки за донесување одлуки; да направат план; да спроведат одлука и друго.
Опфат – теми
- Идентификување и дефинирање проблем
- Како гледаме на проблемите – перцепција
- НЛП-модел
- Процес на размислување
- Класификација на проблемите
- Проблем или предизвик?
- Видови решенија
- Креативно размислување – креативност при решавање проблеми
- Креативни и иновативни решенија
- ТОТЕ-модел
- Модел за решавање проблеми
- Алатки за анализа и решавање проблеми
- Алатки и техники за донесување одлуки
- Стилови на донесување одлуки
- Факти наспроти информации
- Донесување одлуки
- Процес на донесување одлуки
- Планирање и организирање
- 10-те правила за донесување добри одлуки
- Методи, алатки и техники за креативно размислување при решавање проблеми и донесување одлуки
- Спроведување одлуки
- Друго
Целна група
Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или пак ќе работат како менаџери, тим-лидери, раководители и др., како и за учесници кои сакаат да се стекнат со вештини за решавање проблеми и донесување одлуки.
Методологија на работа
Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.
Материјали
Презентациска скрипта; формулари како обрасци и другите дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.
Времетраење
- При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
- Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.
По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
Повеќе информации и пријавување на:
тел. 3246-041; 075 446-686