spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЕСП Скопје: Ангажираност на работното место

ЕСП Скопје: Ангажираност на работното место

Цел на обуката

Целта на обукта е зголемување на свесноста за важноста на постоење и одржување на ангажираноста и мотивираноста на вработените.

Да се разбере влијанието на поголемата ангажираност врз деловните резултати на организацијата. Учесниците детално да се запознаат со методологиите за мерење и следење на ангажираноста на вработените итн. Унапредување на личните креативни вештини со цел  унапредување на вештините за ефикасно одлучување и  преземање лична одговорност во работењето. Запознавање со техники за јасно идентификување, формулирање и решавање ситуации и проблеми во тековното работење и друго.

Опфат –теми

  • Вовед во ангажираност на работното место
  • Што е ангажираност на работното место?
  • Зголемување на свесноста за важноста на ангажираноста на вработените
  • Лична одговорност
  • Влијанието на поголемата ангажираност врз деловните резултати
  • Методологии и инструменти за мерење и следење на ангажираноста
  • Модел на ангажираност
  • Методологии за мерење и следење на ангажираноста – Мерење на задоволството на вработените на работното место наспроти ангажираноста на работното место
  • Теоретски и практичен приказ на физичко, емоционално, и когнитивно ангажирање на работното место
  • Компоненти на ангажираност на работното место
  • Унапредување на вештините за ефикасно одлучување и преземање лична одговорност во работењето
  • Рамка за ангажираност на работното место
  • Посветеност наспроти ангажираност на работното место
  • Кои се ангажирани, неангажирани и активно неангажирани работници?
  • Запознавање со техники за јасно идентификување, формулирање    и решавање на ситуации и проблеми во тековното работење
  • Стратешко усогласување на ангажираноста на работното место
  • Мерење, анализа и план на активности за имплементација на вклучување на ангажираноста на работното место во културата на организацијата
  • Алатки за постигнување и одржување на ангажираноста на работното место
  • Модел на однос заснован на доверба
  • Градење култура на ангажираност
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за вработени, менаџери, раководители во мали, средни и големи компании, како и за секој кој сака да се запознае со влијанието на поголемата ангажираност врз деловните резултати на организацијата.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и со употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневната работа, како и за управување со сопственото време. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-настава и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката секој учесник добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...