Home@дминистрацијаМИОА: Работна средба со постојаниот претставник на УНДП, Григоријан

МИОА: Работна средба со постојаниот претставник на УНДП, Григоријан

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити одржа работна средба со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.

На средбата стана збор за соработката со УНДП и нивната експертиза во областа на дигитализацијата, со фокус на Дигиталната Агенција и процесите на дигитализација низ општините. Како посебна точка беше дискутирана и потребата за  поддршка на предлогот за подготвување на иден нацрт- Закон за вештачка интелигенција (AI).

Министерот Алити се заблагодари за помошта и поддршката што во континуитет ја дава УНДП, оценувајќи ја како успешна и ќе продолжи понатаму. Министерот нагласи дека од големо значење се советите и препораките на експертите и нивните искуства за модернизирање на администрацијата во служба на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...