spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА донира публикации

АПЈ: Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА донира публикации

Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА Тетово (CBC LOJA), донира сет на публикации кои ќе го збогатат библиотечниот фонд на АПЈ.

Една од публикациите која излезе од печат е и Зборникот на трудови за образовaние и културна разновидност, презентирани на Меѓународна научна конференција за мултикултурно образование, организирана од страна на Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА Тетово (CBC LOJA), во соработка со високообразовни установи од Република Северна Македонија, поддржан и од германскиот Центар за тренинг и вмрежување KURVE Wustrow.
Зборникот на трудови содржи и авторски труд на претставникот на АПЈ, м-р Лазо Матовски, на тема „Концептот на мултикултурализмот во време на криза“ (“The Concept of Multiculturalism in Times of Crisis”).

Во оваа прилика, АПЈ се заблагодарува на Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА Тетово за донираните публикации и останува секогаш отворен за соработка со претставниците на невладиниот сектор.

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните 

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...