Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина беше темата на отворената дискусија на која учествуваше заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска.
Се разговараше за начините за унапредување на здрава животна средина како основна уставна вредност, како и за уставно-правните инструменти за заштита на животната средина.
Настанот е во организација на Центарот за правни истражувања и анализи во рамките на: „Проект за добро управување со животна средина“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање