HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски на средба со словачкиот амбасадор

Илинден: Градоначалникот Георгиевски на средба со словачкиот амбасадор

spot_img
spot_img

Во работна посета на општина Илинден престојуваше амбасадорот на Република Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш.

Тој се сретна со градоначалникот Александар Георгиевски, при што се разговараше за капацитетите и можностите за инвестирање во повеќе области во општина Илинден, како и со реализацијата на капиталните проекти во делот на комуналната и патната инфраструктура, образованието, детската заштита, културата и заштитата на животната средина.

Градоначалникот Георгиевски го запозна амбасадорот и со планираните проекти кои ќе се реализираат во наредниот период со цел подобрување на условите за живот на граѓаните во општина Илинден.

Амбасадорот Маркуш изрази интерес на капацитетите за искористување на ресурсите кои ги нуди Општината.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте