spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЧетири години криминалци ја пустошеа Македонија, затоа нема плати за работниците и...

Четири години криминалци ја пустошеа Македонија, затоа нема плати за работниците и администрацијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која беше запрашан дали ќе поднесат кривична пријава во врска со криминалот кој вчера го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а се однесува на бруталната кражба врз народот од страна на претходните градоначалници на СДСМ.
Мицкоски рече дека веќе има допрен глас до Јовевски по кој може да постапува, може да се обрати до институциите и ќе му бидат дадени сите документи со докази и додаде дека не е само еден ваков случај со една институција, туку има и во Кисела Вода за што извади документ на кој се потпишал претходниот градоначалник Филип Темелковски, исто и од Гази Баба, на чиј документ стоеше потписот на Борис Ѓорѓиевски и кажа дека има уште стотици вакви или слични кои ќе бидат обелоденети во перидот што следи.

– Народот се пљачкал брутално. За која иднина зборуваме? За криминалци кои четири години ја пустошеа низ Македонија? Е затоа немаме плати за работниците и за администрацијата, затоа што наместо да ги даде платите администрацијата, градоначалникот на Гази Баба кабел 4Х 35 го купува за 60 денари. Двојно помал кабел, 4Х 16 го купува за 490 денари. А знаете зошто? Затоа што овој 4Х 35 никогаш нема да купат.
Сакате да ви дадам друг пример? Еве на пример железен двостепен столб од 4,5 метри 9120 денари, ама тој истиот што е 8 метри висок е 360 денари, значи овој двојно повисокиот е дваесет-триесет пати поевтин.
Вака се крадела Македонија и вака сѐ уште во РЕК Битола, со мазутот во Неготино затоа што се дели, затоа што делат. Тоа е проблемот, пари има само треба да престанат да крадат. – рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека којзнае на што уште ќе налетаат во другите институции, четири години буквално криминалци раководеле со општините и државата и сите документи и докази кои ги поседуваат ќе бидат објавени во наредниот период.

Прочитајте