Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова вчера учествуваше на првата редовна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион која се одржа во Штип, во присуство на градоначалници и претставници од општините од овој регион. На состанокот, државниот секретар Шукова информираше за актуелната состојба, предизвиците и активностите кои се преземаат за реализација на проектите за воспоставување на интегриран систем за управување со отпад во регионот.
Во дискусиите беа опфатени обврските на општините и одлуките што треба да бидат донесени од нивните совети во врска со интегрираното управување со отпад во Источниот плански регион.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање