spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Директорот Села во посета на општина Куманово

АПЈ: Директорот Села во посета на општина Куманово

По спроведените активности од страна на Агенцијата за примена на јазикот во сите општини каде што живее албанско население, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, со своите соработници беше во посета на Општина Куманово, каде што беа пречекани од градоначалникот на оваа општина, Максим Димитриевски, како и од директорите и наставниците по албански јазик од основните и средните училишта од оваа општина.

На оваа средба се зборуваше за степенот на примена на двојазичноста во оваа општина и за други проблеми од ваков карактер. АПЈ од своја страна се заложи дека преку различни проекти, по посетата на сите општини каде што се изучува албанскиот јазик, ќе излезе со конкретни стратегии, предлози и активности.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...