Во врска со подготовката за вршење категоризација на оштетувања на објекти во Пелагонискиот регион, претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, во oпштина Битола, одржаа обука за дел од вработените во општините Битола, Новаци и Могила.
Обуката се организира, после завршувањето на рокот по јавниот повик за достава на барања за проценка на штети од земјотресот, на кој во општина Битола беа поднесени 2677 барања. Обуката е дел од подготовките за одлучување по барањата, што ќе биде спроведено од страна на стручни комисии.
Извор: Општина Битола