spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Работен состанок со Еврејската заедница и Музејот на холокаустот

Битола: Работен состанок со Еврејската заедница и Музејот на холокаустот

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски,  одржа работен состанок со Претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Пепо Леви и извршниот директор на Музејот на Холокаустот, Горан Садикаријо.

На средбата се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и за настаните со кои во Битола, ќе биде одбележан, 11 март – Денот на холокаустот на македонските Евреи. Градоначалникот Коњановски, го отвори и прашањето поврзано со Пионерскиот дом во Битола, кој е во сопственост на Еврејската заедница, за што заеднички беше констатирано дека, по завршувањето на потребните постапки поврзани со објектот, кои се веќе отпочнати од страна на сопствениците, ќе се разговара за содржинско исполнување и функционалност на објектот, за што општината би дала поддршка, согласно законската можност.

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...