spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Соопштение од Сектор за даноци и такси

Куманово: Соопштение од Сектор за даноци и такси

Општина Куманово ги известува сите правни субјекти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Закон за даноци на имот, како и од Законот за комунална такса за фирмарина, започна постапка за присилна наплата на ненаплатените побарувања по основ  на годишниот данок на имот и годишната такса за фирма( назив на деловна просторија) за 2020 година.

Физичките лица добиваат решенија за присилна наплата за сите години, за кои ги немаат подмирено обврските по основ на данок на имот заклучно со 2020 година.

Исто така започна и дистрибуцијата  на опомени за неплатен данок на имот за 2021 година до сите физичкии правни лица, како и опомени за неплатена годишна такса за фирма ( назив на деловна просторија односно фирмарина).

Со оглед на фактот дека решенијата за присилна наплата и опомените се генерирани на 17 ноември,  а дистрибуцијата започна од петок (28.01.2022 год.)сите субјекти ( правни и физички лица), кои во меѓувреме ги имаат подмирено обврските, нека не ги земаат предвид опомените и решенијата за присилна наплата.

Во месец април 2021 година Општина Куманово ги дистрибуираше решенијата за данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2021 година до  сите правни и физички лица, кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Општина Куманово.

Од причина што рокот, во кој требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат по основ на ненаплатениот годишен данок и комунална такса односно фирмарина( назив на деловна просторија) за 2020 година, Општина Куманово изготви решенија за присилна наплата, кои се доставуваат до даночните односно таксените обврзници.

Им укажуваме на сите даночни и таксени обврзници, кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, да ги подмират своите обврски.

Напоменуваме дека доколку по добивањето на ваквото решение нема да биде подмирен долгот, согласно член 73 од Законот за даноци на имот ќе се изготви решение за забрана на користење на средства и истите ќе бидат доставени до банките.

За сите нејаснотии и објаснувања во овој дел, граѓаните и правните лица можат да се обратат во просториите на Сектор за даноци и такси при Општина Куманово, поранешна зграда на АД “Козјак”, спроти градскиот стадион.

 

 

 

Извор: Општина Куманово

Прочитајте