spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: ЈП Улици и патишта ја санираат главната улица во општина...

Град Скопје: ЈП Улици и патишта ја санираат главната улица во општина Сарај

Eкипи на Град Скопје и ЈП Улици и патишта извршија санација на поголемите оштетувања на коловозот на ул.20 во општина Сарај, односно од влезот кај мостот во Сарај до клучката за патот кон езерото Треска. Покрај санацијата на оштетувањата на коловозот, интервенирано е и во однос на патната сигнализација којашто на неколку места беше отстранета од непознати причини, а на истите места сега се поставени нови сообраќајни знаци за подобар сообраќаен проток во тој дел од градот и намалување на метежот на тој потег.

Екипите на Град Скопје и ЈП Улици и патишта се секојдневно на терен и секаде каде што граѓаните пријавиле проблем или потреба од било каква интервенција од доменот на патната инфраструктура каде има надлежност се постапува навремено.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...