spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат...

Град Скопје: Јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита

Град Скопје го објави Јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година.

Во рамките на овој повик, проектите кои ќе бидат поддржани од страна на Градот Скопје, треба да се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година, и тоа:

  1. Остварување социјална заштита на лица со попреченост
  2. Остварување социјална заштита на лица кои употребуваат дроги
  3. Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани
  4. Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности
  5. Унапредување на здравствена заштита

Јавниот повик, пријавата за финансиска поддршка на организациите, како и образецот за предлог – проект се достапни на следната интернет врска –

https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 23.02.2022 година, до 15:00 часот.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...