Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 7 до 13 февруари, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.
Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:
– oтстранување на дефект на приклучна цевка на ул. Индира Ганди 31/33, ул.Иван Хаџиниколов бб и Полог 2а,
– дефект на водоводна мрежа од Ф 50 мм на ул.6 во населба Бардовци, ф-80мм на Народен Фронт 17, ул. Козле 20/15, ул. Манчу Матак 5 и ул. Гаврил Константиновиќ 47,
– дефект на затворач ф-100 мм на Лазар Поп Трајков бб и ф-80мм на крстосницата Че Гевара/Нов Живот,
– изведување на водоводен приклучок Ф100мм на ул. Македонски Кралеви 40,
– поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф 100/80мм на ул. Иван Хаџиниколов бб,
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.