spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба на министерот Алити со Амбасадорот на ОБСЕ Клеменс Која

МИОА: Работна средба на министерот Алити со Амбасадорот на ОБСЕ Клеменс Која

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, имаше работна средба со Амбасадорот на ОБСЕ Клеменс Која!

,,Разговаравме за поддршката што ја имавме досега од ОБСЕ и се договоривме дека во иднина ќе се обидеме да ја продлабочиме оваа поддршка.

Особено сме благодарни за поддршката што мисијата на ОБСЕ во Скопје ја дава на Мрежата за управување со човечки ресурси.  За 2022 година се планирани повеќе активности во областа на човечките ресурси.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје исто така игра важна улога во обезбедувањето значајна поддршка на медиумската политика, а ние како министерство одговорна за оваа политика ќе воспоставиме идна соработка и во оваа област.

Друго прашање што беше допрено беше соработката помеѓу МИОА и ОБСЕ за интеркултурализам, со изработка на електронски модул за обука на јазиците на сите заедници кои живеат во РСМ” – истакна министерот Алити.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...