spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работен состанок со претставници на Институтот за европска политика

МИОА: Работен состанок со претставници на Институтот за европска политика

Досегашната успешна соработка и состојбата со реформата во јавната администрација со цел обезбедување на модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација.

Ова беше во фокусот на денешниот работен состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Ардита Абази Имери-програмски координатор од Институтот за европска политика-Скопје (ЕПИ).

Министерот Алити истакна дека од особена важност е соработката со невладините организации во процесите за реформа на јавниот сектор. Во таа насока, додаде министерот, многу ни значи и нивната поддршка во делот на развојот на дигитализацијата.

Останува заложбата за исполнување на целите и критериумите на патот кон ЕУ, па оттука соработката меѓу МИОА и Институтот за европска политика-Скопје (ЕПИ) уште повеќе ќе се продлабочува и во иднина, со потпишување на нов Меморандум за соработка.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...