spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Четврта средба на експертските групи на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Во Софија се одржа четвртата рунда експертски разговори меѓу тимовите на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, ангажирани во дијалогот по трн. пакет на политички прашања.

Средбата помина во конструктивна и отворена атмосфера. Беа разгледани последните предлози испратени минатата година од страна на Република Северна Македонија во одговор на предлозите на бугарската страна претставени на третиот круг експертски консултации кои се одржаа во септември 2021 година во Скопје. Тимовите на министерствата за надворешни работи го потврдија ангажманот за поддршка на активен дијалог насочен кон изнаоѓање на заемно прифатливи решенија за клучните теми од билатералната политичка агенда.

Одржувањето на денешната средба беше договорено меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска за време на одржувањето на заедничката меѓувладина седница на двете држави од 25 јануари 2022 година. Во духот на напорите за создавање на нова позитивна динамика, заемно беше изразена неопходноста за интензивно продолжување на разговорите за трн. пакет политички прашања.

Следниот круг на експертски разговори ќе се одржат во најскоро време во Скопје.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...