spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПродлабочување на реформската соработка и поддршка на евроинтеграциите од Кралството Шведска

Продлабочување на реформската соработка и поддршка на евроинтеграциите од Кралството Шведска

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ имаше средба со амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која разговараа за приоритетите во работењето на Секретаријатот за европски прашања во наредниот период, резултатите од тековните реформи, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка.

На средбата вицепремиерот Маричиќ ги претстави приоритетните активности и изрази уверување дека со лична посветеност и силна заложба ќе работи на унапредување и зајакнување на улогата на Секретаријатот за европски прашања како координативно тело на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Фокус на средбата беше ставен на билатералната развојна соработка помеѓу двете земји, која традиционално се остварува во рамки на Договорот за развојна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска. Од страна на амбасадорката Бенгтсон беше презентирана новата Стратегија за развојна помош 2021-2027, во која е предвидена и нашата земја за користење на финансиски средства во приоритетните области, клучни за реализација и унапредување на реформскиот процес. Амбасадорката додаде дека Кралството Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата, ќе продолжи со поддршката на Северна Македонија и во претстојниот период.

Новата Стратегија за развојна помош предвидува четири приоритетни области за поддршка на процесот на пристапување за унапредување на економската интеграција со ЕУ и развој на пазарната економија, зајакнување на демократијата, почитувањето на човековите права и владеење на правото, заштитата на животната средина и подобар одговор на климатските промени како и градење на инклузивни општества.

Вицепремиерот Маричиќ во разговорот изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка на Шведска за евроинтеграцијата на Северна Македонија и ја истакна важноста од понатамошен развој во реформската соработката меѓу двете земји, но и во соочувањето со бројните глобални предизвици, како земја кандидат за членство во ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...