spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршка од сите партии за дијалогот со Бугарија

Поддршка од сите партии за дијалогот со Бугарија

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со австрискиот европратеник Кристиан Садгардс, во рамки на неговата мини- турнеа низ земјите од Западен Балкан.

Во фокусот на разговорот беше неодамнешната посета на вицепремиерот Маричиќ во Париз и Брисел, како и политичкото расположение во земјава за дијалогот со Бугарија.

Европратеникот Сагардс изрази задоволство и очекување дека соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија за надминување на отворените прашања ќе даде резултат, бидејќи има свежа сила и мотивација во двете нови влади. Вицепремиерот Маричиќ посочи и дека очекува принципиелна и објективна соработка од страна на опозицијата за процесот бидејќи овие прашања се прашања од национален интерес и сите политички чинители во земјава треба да бидат вклучени и да дадат свој придонес.

Во продолжение на средбата вицепремиерот Маричиќ на европратеникот Сагардс му ги предочи приоритетите и целите кои си ги има поставено и лично, но и на Секретаријатот за европски прашања во претстојниот период за подготовка на преговарачката структура, напредок во клучните области како владеење на правото, борбата против корупцијата, заштита на животната средина и спроведување на зелената агенда, како и подобрување на апсорпцискиот капацитет за искористување на европските фондови.

Европратеникот Сагардс изрази поддршка за реформите кои оваа Влада ги спроведува, истакнувајќи дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан е од интерес и на Австрија и на Унијата и стартот на преговорите не треба да се одложува. Вицепремиерот Маричиќ изрази уверување дека новиот состав на Владата има капацитет и е подготвен да продолжи со спроведувањето на зацртаните европски реформи, со целосна посветеност на испорачување резултати, пред сè кон граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...