Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ имаше прва протоколарна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј.
На средбата беше потврдена поддршката од страна на Обединетото Кралство за европската интеграција на земјата, а во оваа насока ќе продолжи да се реализира и британската проектна поддршка за земјава за реформите во приоритетни области.
Амбасадорката Галовеј посочи дека земјата ќе продолжи со финансиска поддршка на реформите во Северна Македонија, и тоа преку спроведување прокти во секторите каде што е потребно.
На средбата амбасадорката Галовеј му ја честиташе вицепремиерската функција изразувајќи очекување дека со целиот свој личен интегритет и заложби ќе работи на спроведување на координација на реформите преку Секретаријатот за европски прашања, како и подобрување на апсорпцијата и менаџирањето на проектите во претстојниот период.