Почитувани,
Ве информираме дека со поддршка од Светска банка, од денеска почнува реконструкцијата на улицата Варшавска. Покрај реконструкцијата на улицата, ќе бидат заменети и дел од оштетените рабници, а таму каде што ќе има потреба ќе биде извршена и нивелација на шахтите.
Во исто време се информираат граѓаните кои живеат на оваа улица дека во наредниот период нема да се дозволат нови прекопи на улицата, вклучително и приклучување на канализационата мрежа за да се спречи повторно оштетување на истата.
Извор: Општина Карпош