СДСМ гласаше против пензионерите да добијат покачување од 20%, Ковачевски е лицемерен.
ВМРО-ДПМНЕ преку собранието предложи покачување на пензиите за 20%, со што ќе се постигнеше ефект пензионерите да не ја почувствуваат инфлацијата и да не биде оштетен нивниот стандард.
СДСМ гласаше против, и со тоа потврди дека Ковачевски е лицемерен со пензионерите, и не сака реално покачување на пензиите.
Ковачевски не сака нити покачување на платите во јавниот сектор, и е против усогласување на платите на наставниците согласно колективниот договор.
Ковачевски е лицемерен со граѓаните. СДСМ само зема од народот. Со нив кризата е се поголема, а немаштијата се по присутна.
Извор: ВМРО ДПМНЕ