spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Прва работна средба на министерот Тупанчески со претставници од Платформата на...

МП: Прва работна средба на министерот Тупанчески со претставници од Платформата на граѓански организации за борба против корупција

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески  оствари прва работна средба со Платформата на граѓански организации за борба против корупција, со цел продолжување на соработка и зајакнување на улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата во Република Северна Македонија.

Во своите активности од областа на превенција и борба против корупцијата, министерот истакна дека Министерството за правда континуирано соработува со Платформата, а преку неа и со 18-те граѓански организации кои се нејзини членки, бидејќи граѓанскиот сектор е наш важен партнер во спроведувањето на реформите и во општествените промени генерално.

Министерот особено ја цени соработката со Платформата која се остварува преку активно учество на нејзините претставници во работни групи за подготовка на законски решенија од областа на корупцијата и судирот на интереси. Заедничкото учеството на институциите и граѓанското општество во процесот на спроведување на реформите, ја зголемува довербата на граѓаните во владеење на правото.

Соговорниците се сложија дека соработката помеѓу Министерството за правда и Платформата е од клучно значење во заедничкото делување во борбата против корупција и истото мора да продолжи и во иднина со цел подигање на свеста кај граѓаните за овој системски проблем којшто не се решава преку ноќ.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...