spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на Мултилатерален образовен вебинар

МНР: Османи на Мултилатерален образовен вебинар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на Мултилатералниот образовен вебинар на тема:  Спроведување во пракса на трите правно не-обврзувачки работни дефиниции на ИХРА во мултикултурни општества: научени лекции, најдобри практики и чекори напред , којшто го организираше МНР на Република Северна Македонија, во соработка со МНР на Австрија и Грција.

,,Одржувањето на овој настан ја реафирмира трајната заложба на Владата на Република Северна Македонија за континуирано вложување напори и преземање конкретни мерки за сите прашања кои се однесуваат на холокаустот’’, истакна  Османи.

,,Вебинарот претставува и силна поткрепа на претстојната апликација на Северна Македонија за полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА’’, потенцираше Османи во своето обраќање. Укажувајќи на сериозноста од растечкиот тренд на антисемитизам, искривоколчување на холокаустот, како и на расизмот против Ромите што ги подрива темелите на владеењето на правото и на почитувањето и заштитата на основните човекови права и слободи, Османи подвлече дека е неопходно јакнење на образовниот процес преку збогатување на наставните содржини со двете прифатени работни дефиниции на ИХРА, а во насока на справување со предизвиците на овој план.

На вебинарот свое обраќање имаа и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, министерот за ЕУ и устав на Австрија, Каролине Едштадлер и специјалниот координатор на Европската комисија за борба против антисемитизмот Катарина фон Шнурбеин,  а учествуваа околу 70-тина претставници од повеќе држави и меѓународни организации.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...