spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНема нови 250 автобуси, нема проекти, затоа Арсовска се фали со проекти...

Нема нови 250 автобуси, нема проекти, затоа Арсовска се фали со проекти во Дрисла од претходната локална власт

Данела Арсовска продолжува да се докажува како најслабиот градоначалник на Скопје, не ги реализира проектите што ги најави, стопира веќе започнати работи, а промовира проекти завршени од претходната локална власт на СДСМ.

Арсовска се фали со опремата во депонијата Дрисла, реализирана од претходната локална власт, а не реализира ни еден од своите најавени проекти, освен поставување тоалети и нивелирање на шахти.

Граѓаните ги чекаат новите 250 автобуси. За нив во градскиот буџет нема пари, ама има пари за партиски вработувања.

Инаку опремата за третман на медицинскиот отпад, која ја промовираше Арсовска е набавена и ставена во функција од страна на градската власт предводена од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

За потсетување, Шилегов успеа да ја врати депонијата под управа на Градот Скопје, и да ја претвори во санитарна депонија со современа технологија за управување со отпад, откако претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски ја даде под концесија на италијанска компанија, која не само што не инвестираше 70 милиони евра како што беше договорено, туку и несоодветно го третираше отпадот, доведувајќи го во опасност здравјето на граѓаните.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...