Ова се должи на потпишувањето на Меморандумот за соработка со Агенцијата за маркетинг и менаџмент Еуростеп, со цел да се организира саем на 21 и 22 мај 2022 година во Гостивар, на кој ќе учествуваат правни лица од земјите членки на ЕУ и од Западен Балкан, со цел склучување договори за соработка со правни лица од Гостивар, зголемување на производните капацитети, увоз/извоз на производи и странски инвестиции.
Извор: Општина Гостивар