Министерот за правда д-р Никола Тупанчески оствари работна средба со претставници на Независниот синдикат на државна администрација, Независниот синдикат на судска администрација, Независниот синдикат на судска полиција, Независниот синдикат на затворска полиција Идризово и Синдикалната организација на Основен Кривичен суд.
На средбата беа разгледани повеќе прашања кои водат до унапредување на правата на вработените во судовите, казнено поправните и воспитно поправните установи.
Суштински измени на законот за судска служба, зголемување на платите на вработените, кадровска екипираност и подобрување на условите за работа се приоритети за чија реализација министерството за правда ќе работи во иднина.
Со заедничка посветеност и ангажман можеме да придонесеме кон остварување и унапредување на синдикалните права и слободи. Само заедно, можеме да изнајдеме добри решенија кои ќе бидат исклучиво во интерес на работниците, а со тоа и подобрување на нивната ќматеријална положба и сигурност.
Извор: Министерство за правда