spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали на работна средба со директорот на Клиничката болница Тетово,...

МЗ: Министерот Сали на работна средба со директорот на Клиничката болница Тетово, директорот на ФЗО и со економскиот директор на КБ Тетово

Министерот за здравство, Беким Сали оствари средба со директорот на Клиничката болница Тетово, Амир Елези, директорот на ФЗО, Фатон Ахмети и со економскиот директор на КБ Тетово, Арменд Фазлиу.

Тема на оваа средба беше состојбата на Клиничката болница и изнаоѓање можности за просторно проширување, за санирање и зајакнување на капацитетот на објектот, како и за проширување на медицинскиот тим за задоволување на здравствените потреби на населението од овој регион.

-Тетово и воопшто полошкиот регион заслужуваат достоинствена Клиничка болница, што ги исполнува сите современи здравствени стандарди, истакна во ова прилика министерот Сали.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...