Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, имаше обраќање на Втората министерска конференција за соработка во животната средина на Кина со земјите од Централна и Источна Европа (China-CEEC), посветена на решенијата засновани врз природата, која се одржа онлајн, во организација на Министерството за екологија и животна средина на Република Кина.
– Сите треба да дејствуваме на глобално, регионално и локално ниво за да спречиме деградација на животната средина и да им помогнеме на природата и на луѓето да се прилагодат на ефектите од климатските промени – рече во
таа прилика државниот секретар Шукова, потенцирајќи дека решенијата засновани врз природата, кои се фокусирани на адресирање на развојните предизвици и на сочувувањето на биолошката разновидност и човечката благосостојба, веќе се препознаени во политиките, законите и националните финансиски планови во нашата држава.
Таа додаде и дека Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на своите стратегиски развојни политики, континуирано спроведува активности за заштита и зачувување на природата и за справување со климатските промени, преку подобрување на имплементацијата на националното законодавство, истовремено исполнувјќи ги обврските согласно директивите на ЕУ.
– Морам да напоменам дека МЖСПП постигна голем напредок и спроведува активности за валоризација или ревалоризација на природните вредности на заштитените подрачја, како и прогласувањето на нови заштитени подрачја, како што се Националниот парк Шар Планина и Осогово и Малешево за заштитени предели, согласно Законот за заштита на природата на РСМ – истакна Шукова.
На крај, таа напомена дека само со здружено делување може да постигнеме успешно спроведување на активности за постигнување на интегрална заштита, за зачувување на природата и биолошката разновидност, како и подобрување на отпорноста на екосистемите кон ефектите од климатските промени.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање