spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПроширувањето е просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку...

Проширувањето е просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ имаше прва протоколарна средба со финскиот амбасадор за Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Кимо Лахдевирта.

На средбата беше потврдена финската поддршка за напредок во европската интеграција и очекување дека спроведените реформи и пријателската соработка со соседите во затворање на прашањата ќе бидат потврдени и од страна на ЕУ до отпочнување на преговорите за членство.

Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на Финска за нејзината доследна поддршка за политиката за проширување на ЕУ, како просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија, која несомнено ќе ја загарантира стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Лахдевирта посочија дека билатералната соработка меѓу двете земји е на високо ниво, иако има можности и за проширување и тоа во области кои се значајни пред сè за подобрување на квалитетот на животот за граѓаните и се во насока на европеизација на земјата. Искуството на Финска во клучните области, меѓу кои економскиот развој и образованието, но и други области значајни понатаму во текот на преговорите со ЕУ има можност да се споделат и на експертско ниво.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...