spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Близу 50 милиони денари од програмата за рурален развој вложени во...

АФПЗРР: Близу 50 милиони денари од програмата за рурален развој вложени во проекти за развој на спортот и културата во Пробиштип

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, напрвија увид во два од три реализирани проекти преку Програмата за рурален развој.

Министерот за земјоделство, Николовски истакна дека општината Пробиштип има добиено грант во вкупна вредност од 50 милиони денари.
„ Со средствата кои се неповратен грант, општината го реконструираше патот од Пробиштип до Стрмош со што се создадоа услови за олеснето движење на жителите. Целосно е реконструиран и „Спомен паркот на револуцијата Братство и единство“ а обновен и модернизиран е и Домот на културата во Пробиштип. “ – истакна министерот Николовски.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, истакна дека општината Пробиштип за овој неповратен грант треба да плати само данок на додадена вредност.

„Одлично е тоа што парите кои ги дава Платежната Агенција наменски се трошат во објекти кои остануваат трајна вредност во руралните општини. Со оваа даваме признак за руралните средини, директно влијаеме на развојот на руралните средини и го подобруваме животот на сите граѓани.“ – истакна директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

Градоначалникот Анастасов, потенцираше дека овој грант кој е доделен од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е од огромно значење не само за градот туку и за регионот.

„ Со помош на овие средства се овозможува младите да добијат ново место за културно и спортски да се развиваат. Преку Програмата за рурален развој реализиравме за нас три важни проекти.Овие проекти на општината и даваат можност за развој и на културата, на рекреацијата но и за развој на туризам. “ – истакна градоначалникот Анастасов

Преку мерките 321, 322, 323 од Програмата за рурален развој, во сите општини во државата се реализирани над 200 инвестициски проекти за кои владата на Република Северна Македонија обезбеди 38 милиони евра средства од Буџетот.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте