spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Меѓуинституционална соработка со ЈП ЖРСМ Инфраструктура

АПЈ: Меѓуинституционална соработка со ЈП ЖРСМ Инфраструктура

По минатонеделната посета на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје, директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села го посети и Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија каде што оствари средба со г. Хари Локвенец, генерален директор на јавното претпријатие, и г. Невзат Мамути, помошник-директор за општи работи.

 

 

Средбата се реализира на иницијатива на директорот Села заради согледување на состојбата околу примената на Законот за употреба на јазиците во работата на јавното претпријатие, како и разгледување на модалитетите за соработка во интерес на побрза реализација и имплементација на законските обврски.

 

Директорот Локвенец го информираше директорот Села околу досегашните преземени активности, планираната надградба на службената веб-страница на претпријатието заради достапност на информациите и на албански јазик, како и планираните активности за јазично приспособување на железничката инфраструктура во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат албански јазик како службен јазик и во Скопје. Воедно, истакна дека очекува стручна помош од АПЈ во делот на јазичната терминологија и лекторирањетo.

 

 

Директорот Села потенцира дека јавното претпријатие може да очекува од АПЈ целосна поддршка и отвореност за соработка во секое време, во интерес на граѓаните како корисници на железничкиот превоз.

 

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните 

Прочитајте