spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2021 година

ДЗС: Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2021 година

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2021 година е 2.3%.

Во четвртото тримесечје од 2021, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2%; Ѕ – Информации и комуникации од 5,3%; kako и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 3.1 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 10.2%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22.6%.

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...