spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСАДУСе бара преговори со ресорните министерства и Владата за покачување на платите

Се бара преговори со ресорните министерства и Владата за покачување на платите

Почитувани претставници на средствата за јавно информирање,

Синдикатот на администрација и државната управа на Македонија (САДУ) на 03.03.2022 испрати барање за итен состанок до Претседателот на Владата, со цел да се надминат несаканите последици од зголемувањето на минималната плата.

Ние како синдикат го поздравуваме и цврсто стоиме за покачувањето на минималната плата со што дадовме целосна поддршка, поради енормното зголемување на трошоците за живот, пред сé на храната и електричната енергија и неможноста работниците да ги сервисираат своите животни потреби.

Но исто така побаравме таа минимална плата да важи и за јавниот сектор од причина што најголем дел од работниците што земаат минимална плата се наши членови.

Затоа бараме искреност, експедитивност и разбирање во однос на наоѓање на решение за покачување на бодот кој што го носи токму Владата и проблемот кој што настана од пред неколку години да биде надминат, а работниците да го добијат тоа што го заслужуваат.

САДУ покажа во изминативе години дека е корисен и конструктивен партнер, но верувајте дека процесот ги помина црвените линии и притисокот од членството е се поголем, од причина што и во изминатиот период при покачувањето на минималната плата немаше усогласување на платите во јавниот сектор и се повеќе работници се израмнија во своите примања, а многу од нив се уште примаат плата под минималната. Ако се дозволи и во иднина административните, судските и јавните службеници на повеќе нивоа со различна сложеност на работни места, како што беше и досега, да земаат минимална и под минималната плата што е случај само во јавниот сектор, без да се направи пропорционалнао покачување на платите, ќе дојде до големо незадоволсто на нашето членство.

Затоа бараме сега, а впрочем тоа го побаравме и преку нашиот национален синдикат КСС, во кој членуваме, да се усогласи бодот кој што треба да го донесе Владата согласно минималната плата. Во спротивно, Ве уверуваме дека ако тоа не се случи со мартовската плата, која што треба да биде исплатена во април, од кога и почнува да се исплаќа новата минимална плата, под притисок на нашето членство ќе донесеме одлука за легитимно радикално синдикално делување.

Со почит,

 

Синдикат на администрација и државната управа на Македонија

 

 

 

 

 

Извор: САДУ

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...