На барање на жителите на Трнодол и Жданец, поставени се сообраќајни знаци на влезовите во овие населби со кои се ограничува брзината на движење на моторните возила на 30 км/ч.
Новото сообраќајно правило ќе важи за сите улици во овие населени места со цел да се намали брзината на движење, а во исто време да се зголеми безбедноста на децата и на пешаците воопшто.
Апелираме до сите возачи да ја почитуваат поставената сигнализација, со што и тие ќе придонесат за побезбеден сообраќај во општина Карпош.
Извор: Општина Карпош