spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Прв состанок за пилот програмата за имплементирање на системот на интегритет

ДКСК: Прв состанок за пилот програмата за имплементирање на системот на интегритет

На 1ви март 2022 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), се одржа првиот состанок на петте пилот институции за имплементирање на системот на интегритет. На состанокот, покрај претставниците на ДКСК, присуствуваа претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

На состанокот беа договорени наредните активности и динамиката за работа и едукација, преку кои петте институции, ќе го добијат потребното знаење за воведување на системот на интегритет, со цел придонесување кон јакнење на доброто владеење на институциите, зголемена ефикасност во остварувањето на правата на граѓаните и активна вклученост на сите чинители во борбата против корупцијата.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...