Коучингот ќе ви помогне да покренете акција и да го надминете она што ве кочи и не ви овозможува напредок и успех во вашиот личен и професионален живот.
- Се чувствувате „заглавено“?
- Знаете дека можете повеќе
- Знаете дека можете да дадете многу повеќе
- Чувстувате дека сте под постојан притисок и/или стрес
- Мислите дека не одите напред
- Немате доволно самодоверба
- Имате изговори за да не направите промени
- Постојано сте во трка со времето
- Имате долготрајна дилема
- Не знаете што точно сакате
- Знаете што сакате, ама не знаете како да го добиете
- Немате цел
- Имате цел. Ви треба дефинирана почетна точка.
- Ви треба фокус
- Имате предизвик пред себе
- Вашиот приватен и професионален живот е добар, но вие сакате да биде многу, многу подобар
- Минувате низ голема транзиција/промена во животот
- Ви треба смисла во животот (двигател)
- Сакате да имате повеќе пари
- И многу, многу други лични и професионални потреби за ВАШ раст, развој и успех
Коучингот овозможува акција и можност за раст и развој во деловите коишто сакате да ги подобрите во својот личен и/или професионален живот, било тоа да е подобро носење одлуки, решавање проблеми, управување со промени, справување со конфликтни ситуации, преговарање, справување со стрес и стресни ситуации или управување со време. Коучингот ве насочува кон успех.
Коучингот е механизам кој ќе ви помогне да го постигнете успехот што го имате зацртано за себе, а лицето кое ги води коучинг-сесиите (коуч) е ваш сојузник и ви помага во процесот на раст, развој и постигнување успех. Коучингот ви овозможува ВИЕ да поставите свои цели, ВИЕ да поставите критериуми и ВИЕ да ги постигнете целите според сопствени критериуми и се разбира, да постигнете целосен успех и задоволство.
Коучинг-сесиите се одвиваат еден на еден (индивидуални сесии) со физичко присуство или онлајн на ZOOM, Skype или на друга соодветна онлајн-платформа.
Повеќе информации и закажување термин на:
тел. 3246-041; 075 446-686