Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.0, а индексот на цените на мало изнесува 101.2.
Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 6.6 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за
4.3 %, кафето, чајот, какаото за 2.7 %, виното за 1.0 %, свежото и разладеното овошје за 0.8 %, жестоките пијалаци за 0.7 %, лебот и житата, рибата и морските плодови, маслото и маснотиите за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.2 %.
Во февруари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај собирањето на отпадните води за 14.2 %, течните горива за домаќинствата за 8.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за
7.4 %, патниот патнички транспорт за 4.3 %, велосипедите за 4.2 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за
4.0 %, гасот за домаќинствата, парамедицинските услуги за 3.5 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 2.7 %, медиумите за снимање за 2.6 %, моторните возила за 2.0 %, снабдувањето со вода за 1.8 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 1.6 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите печатени материјали, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 1.3 %, другите медицински производи, рестораните, кафулињата и сл. за 1.1 %, ткаенините за изработка на облека, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, домашните миленици и сродните производи за 0.8 %, стоматолошките услуги, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, услугите за рекреација и спорт за 0.7 %, малите алатки и останатите додатоци, медицинските услуги, другите услуги за опрема за сопствен превоз, игрите, играчките и хобијата, градините, растенијата и цвеќињата, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, фармацевтските производи, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.5 %, текстилот за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.4 %, другите услуги поврзани со станот неспоменати на станот за 0.3 %, другата облека и додатоците за облека, информатичката опрема за обработка на податоците, другите лични предмети за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај пивото за 1.1 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 14.4 %, туристичките аранжмани за 2.5 %, услугите за сместување за 2.1 %, обувките за 0.9 %, мебелот и покуќнината за 0.4 %.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи зголемување од 7.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 8.6 %.
Извор: Државен завод за статистика