HomeПолитички партииРезултатите од анкетата на ИРИ стара 4 месеци немаат соодветна релевантност денеска

Резултатите од анкетата на ИРИ стара 4 месеци немаат соодветна релевантност денеска

Објавените резултати од истражувањето на Меѓунардониот Републикански Институт не го прикажуваат реалното расположение на граѓаните сега.

Анкетата е спроведена во месеците ноември и декември 2021 година, односно пред 4 месеци.

Вакави податоци од пред 4 месеци може да се каже дека немаат соодветна релевантност денеска односно се надвор од актуелниот политички контекст.

Во периодот од изминатите 4 месеци, имаме сосема поикава политичка реалност, нова Влада којашто е избрана во јануари, со нов премиер, зголемено паралемнтарно мнозинство и многу други фактори кои се променети по ова истражување а силно влијаат на перцепциите.

Оттука, цениме дека објавувањето на резултатите од анкетата создава погрешна перцепција кај граѓаните, како за рејтинзите на политичките партии така и во однос на другите теми и прашања од истражувањето.

Ги охрабруваме сите домашни и меѓународни институции и организации навремено и целосно да ги објавуваат резултатите од своите истражувања, за да се избегнат какви било погрешни толкувања.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...