spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Одржана средба на работната група за изготвување на Нацрт Законот за...

ДКСК: Одржана средба на работната група за изготвување на Нацрт Законот за потекло на имот со Славица Грковска

На 28.02.2022 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа средба на работната група за изготвување на Нацрт Законот за потекло на имот со новиот Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На средбата  Вице премиерката Славица Грковска накусо беше запознаена со потребите за донесување на Законот за потекло на имот,  како и со досегашните активности на работатната група. При тоа се отвори дискусија за  решенијата предложени во работната верзија на Законот изготвена од работната група.

Од страна на Вице премиерката Славица Грковска беше дадена поддршка за донесување на Законот при што заеднички беше констатирано дека е потребно да се интензивира работата на работната група, да се утврди динамиката за донесување на законот како и да се отвори поширока јавна дебата во насока на изготвување на квалитетено законско решение.

 

 

 

 

Извор:  Државна комисија за спречување на корупцијата 

 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...